Заврши 9-та седница на Владата, еве што е одлучено

1 min read

Владата на Република Македонија на 9-та редовна седница, која се одржа преку видео-конференциска интернет комуникација ја разгледа и усвои Информацијата во врска со План за производство на АД „Електрани на Северна Македонија“, во државна сопственост, Скопје за февруари и март 2022 година.

Согласно ова, донесена е одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, кое ќе работи седум дена во неделата во периодот од 00:00 часот наутро до 24:00 часот со полна моќност, во периодот од 1 февруари 2022 година до 31 март 2022 година.

Согласно оваа мерка, АД „Електрани на Северна Македонија” – Скопје ќе ја откупува целокупната произведена електричната енергија на Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, согласно правата и обврските меѓусебно утврдени со склучен Договор за купопродажба на електричната енергија.

kurir.mk

Претходно

Димитријевиќ се загреа со „десетка“ за мечот со Реал Мадрид

Следно

Лајчак: Не сакаме „Република Српска“ на Косово

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian