ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Фудбалер на Манчестер јунајтед обвинет за насилство

1 min read

Хериет Робсон, поранешната девојка на ѕвездата на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, објави вознемирувачка снимка на социјалните мрежи, обвинувајќи го фудбалерот на „црвените ѓаволи“ дека жестоко ја претепал.

На една од објавените фотографии напишала дека крвта и модринките се последица од физичкото насилство кое ѝ го нанел Гринвуд.

– На секој кој сака да знае што всушност ми прави Мејсон Гринвуд – напиша Хериет Робсон.

За разлика од англискиот фудбалер, Манчестер Јунајтед напиша соопштение во врска со оваа ситуација.

– Свесни сме за фотографии и обвинувања кои кружат на социјалните мрежи. Нема да коментираме повеќе додека не се утврдат фактите. Манчестер Јунајтед не одобрува насилство од каков било вид – соопштија од клубот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Што прави денеска: Илина Арсова, алпинистка

Следно

Јовески: Обвинителството не постапува селективно, има предмети и против актуелни функционери

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian