Во моментов има 18.909 активни случаи, хоспитализирани 616 ковид пациенти

2 mins read

Во државава вчера беа регистрирани 18.909 активни случаи со ковид-19, од кои најголем број – 9614 во Скопје. Надлежните апелираат невакцинираните да се вакцинираат и да се почитуваат мерките за заштита.

Според вчера објавените податоците од Институтот за јавно здравје, при направени 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи со КОВИД-19, 24 починати и 85 оздравени пациенти,.

Пациенти со Ковид-19 се примаат и во ковид-центрите на клиниките за кожни болести и за неврологија, каде се уште има слободни кревети за пациентите на кои им е потребна хоспитализација. Како што информираат од Министерството за здравство, согласно податоците од инфективните одделенија и ковид – центрите има 616 хоспитализирани пациенти во државава од кои 199 во Скопје.

Што се однесува до состојбата со Ковид-19 во другите земји се уште има зголемување на бројот на активни случаи и на починати.

Бројот на заразени со коронавирус во Русија вчера надмина 100.000 лица, што е најголем број на инфицирани за еден ден од почетокот на пандемијата, соопшти Кризниот штаб. Како што објавија руските медиуми, во државата за 24 часа се регистрирани 113.122 случаи, што е последица на ширењето на сојот омикрон. Во Русија за едно деноноќие починаа 668 пациенти, а завчера бројот на смртни случаи од Ковид-19 ја надмина бројката од 700.000 од почетокот на пандемијата.

Австрија, пак, постепено ги олеснува мерките против коронавирусот и покрај големиот број нови инфекции.

– Од 5 февруари постојниот полициски час наместо до 22 часот ќе почне на полноќ. Обврската за тестирање или вакцинирање на малопродажниот сектор од 12 февруари се укинува, изјави вчера канцеларот Карл Нехамер.

Во рестораните и кафулињата од 19 февруари ќе може да се влезе со негативен тест, а не само со потврда за вакцинација или прележан Ковид. Како причина за олеснување на мерките се наведува намалениот притисок врз болниците.

– Бројките се стабилни и на очекувано добро ниво, рече Нехамер за ситуацијата во болниците и одделите за интензивна нега.

Австриската министерката за туризам Елизабет Костингер рече дека новата регулатива за полициски час треба да се поздрави, бидејќи тоа ќе биде од корист за бизнисите и туристите. Седумдневната стапка на инциденца во Австрија моментно е 2.400 на 100.000 жители.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Африкански куп на нации: Буркина Фасо со играч помалку дојде до полуфинале

Следно

Денес сончево со мала облачност, од утре следат големи промени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian