ВИДЕО: Египет за финале против Камерун во Африканскиот куп на нации

1 min read

Денеска репрезентациите на Египет и Мароко го одиграа својот четвртфинален дуел во Африканскиот куп на нации во кој подобри беа Египќаните со 2:1 после 120 минути игра. Еден доста тврд натпревар, но и меч со голем број на шанси видовме на стадионот „Ахмаду Ахиџо“ во Јаунде.

Мароканците први стекнаа предност преку Софиан Буфал кој беше прецизен од пенал во седмата минута од средбата. Нивната позитива траеше до 53 минута кога ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах стрелаше за израмнување на 1:1.

Иако и двете селекции имаа неколку одлични можности за погодок, до крајот на регуларните 90 минути немаше промена на резултатот, по што следуваа продолженијата.

Победничкиот гол се случи во 100 минута кога стрелец беше Трезиге после асистенцијата на Салах.

За пласман во големото финале Египет ќе игра против домаќинот Камерун кој вчера ја елиминираше Гамбија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Доктор Горан го предизвика Бомбакис: Многу важна порака испишана на парче картон!

Следно

Долгоочекуваниот бренд H&M официјално отвора продавница во Ист Гејт Мол

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian