ВИДЕО: Дончиќ со неверојатен шут за три поени и асистенција без гледање

1 min read

Лука Дончиќ го водеше Далас во победата против Индијана со резултат 132:105 изминатата ноќ во НБА лигата.

Словенечкиот интернационалец во дресот на Маверикси имаше уште една одлична партија со 30 поени, 12 асистенции и шест скокови.

Додека на почетокот на сезоната се мачеше да фати ритам и да го достигне нивото од лани, Дончиќ повторно е во својата врвна форма.

Против Индијана забележа неколку добри потези, како на пример шутот за три поени на крајот од втората четвртина, и асистенцијата без гледање до неговиот соиграч.

Кај домаќините блескаше и Реџи Булок со 23 коша, а за Пејсерси доминираше Дуан Вашингтон со 22 поени, следен од Литванецот Домантас Сабонис со 21 поен, 15 скокови и осум асистенции.

НБА лига, резултати –

Милвоки – Њујорк 123:108
Њу Орлеанс – Бостон 97:107
Далас – Индијана 132:105
Филаделфија – Сакраменто 103:101
Мајами – Торонто 120:124
Мемфис – Вашингтон 115:95
Голден Стејт – Бруклин 110:106

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Готвиме со Маја: Домашно гиро

Следно

Женското ракометно ЕП ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian