Рафа за историја: Надал е шампионот на „Австралија опен“!

1 min read

Денеска во големото финале на грен слем турнирот „Австралија поен“ Рафаел Надал со 3:2 во сетови успеа да го совлада Данил Медведев, меч кој траеше скоро пет и пол часа.

Русинот ги освои првите два сета, стартниот со 6:2, а вториот во „тај-брејк“ со 7:5.

Следуваше пресврт на Рафа, намали на 6:4, со истиот резултат го доби и четвртиот сет, а во петтиот решавачки триумфираше со 7:5.

За Шпанецот ова е рекордна 21. грен слем титула, сега има една повеќе од Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер.

Воедно за Рафа ова е само втор трофеј на турнирот во Мелбурн, првиот го освои во 2009 година. Во кариерата двапати го освојуваше „Вимблдон“, четирипати „УС Опен“ и рекордер на „Ролан Гарос“ кој го освои 13 пати.

ВИДЕО: Скандал во Мелбурн, навивач го прекина финалето Надал – Медведев!

ВИДЕО | Медведев за публиката во Мелбурн: Празни мозоци, мора да им е многу лош животот!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

(ФОТО) Тамара Тодевска ужива во музиката на уличниот свирач: Недела е ден за прошетка во градскиот парк

Следно

Анти-ковид протест во Струмица, демонстрантите бараат учебната година да продолжи без протоколи за децата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian