Профил на педофил: Како да го препознаете и да го заштитите детето пред да стане жртва

9 mins read

Педофилијата е директна последица на менталната нестабилност на поединецот, болест кон која треба да се пристапи со соодветно лекување, но и да се зборува за оваа појава која за нашата средина сѐ уште е табу тема.

Типичниот сексуален предатор е незрел во разбирањето на интимноста, тврдат психотерапевтите. Тој оддава впечаток дека навистина сака блискост, но како да не може да постигне задоволство и доверба. Поради тоа неговите фрустрации често ескалираат во бесни епизоди и во тие моменти таа личност е исклучително опасна.

Нивниот порив е посилен од реалноста и не можат да се ослободам од него. Тие се интелигентни и многу отворени кон жртвите, кои најчесто се од најблиското опкружување. Не можете лесно да ги препознаете додека не тргнат во напад. Вреди да се знае дека секое предупредување да знаат кои се и која е нивната намера ги одвлекува од тоа.

Речиси сто проценти се мажи. Главно ги замислуваме така што на лицето би им ја прочитале намерата. Во реалноста е сосема поинаку. Посетуваат места каде што се децата – паркови, дворови во градинки, училишта. Последниве години своите жртви ги бараат на социјалните мрежи.

Постојат четири типа на педофилија: Инфатофилија – тип на педофилија поврзана за возраст на детето до четири години, Хебефилија – тип на педофилија поврзана за возраст од четири до 14 години, Ефебофилија – тип на педофилија поврзана за возраст од четиринаесет до крајот на адолесценцијата и Инцест.

Најопасна од сите видови педофилија е првата, која се поврзува со децата на возраст до четири години, бидејќи тие многу лесно можат да бидат жртва на педофилија.

Педофилите се свртуваат кон децата кои не можат да му пружат голем отпор. Ова тешко и сериозно нарушување зема сѐ поголем замав, а децата – жртви, како и нивните родители, неретко ги премолчуваат злосторствата поради страв од „јавното жигосување“ и големиот срам што го доживеале. Особено е драматичен фактот дека семејната педофилија е дело на татковците, браќата, роднините, пријателите, па дури и на дедовците кои сексуално ги напаствуваат децата.

Педофилите се лица со нарушено ментално здравје, обично на постара возраст, склони кон сексуално злоупотребување на децата, што претставува доживотна траума за детето.

Корените на оваа девијантна појава најчесто се кријат во сексуалните трауми од детството на педофилите, каде повеќето од нив, во раната младост имале искуство со педофил. Педофилите имаат блокада и тешкотии во воспоставувањето на подлабоки и потрајни врски со возрасните партнери, поради чувството на несигурност и страв. Затоа ги избираат децата како објект на својата сексуалност. Но, постојат и примери кои укажуваат дека педофилијата може да биде предизвикана и од чувство на социјален или професионален неуспех, или интензивен стрес по некоја болест или семеен проблем.

Педофилите најчесто ги познаваат децата кои сексуално ги злоупотребуваат, односно станува збор за сосед или семеен пријател. Некои педофили, пак, одбираат деца кои случајно ги сретнале. Тие обично ги следат до местото каде што најчесто престојуваат, како игралипшта и училишни дворови и на сите начини се обидуваат да им се приближат, а во тоа, за жал, успеваат.

На прв поглед, не може никако да се препознае педофилот, истакнуваат психијатрите. За околината тоа се незабележителни луѓе, кои се однесуваат многу добро, така што никогаш не би сте помислиле што се крие зад таа маска. Тоа се обично добри граѓани, па годините на живот и образование немаат одлучувачка улога. Педофилот, најчесто е познато лице, од околината, семејството, некој во кого детето има доверба.

Сексуалното злоупотребување почива на моќта која возрасните ја имаат на детето и довербата. Со загрозувањето на детето на тој начин, се руши довербата која децата ја имаат во светот на возрасните без кои нема соодветно растење.

Со откривањето на злоупотребувањето, се открива и педофилот, што е дополнителен проблем, бидејќи за жртвите тоа претставува уште еден психолошки притисок. На жртвите им е многу тешко да признаат дека се сексуално злоупотребувани, бидејќи се чувствуваат виновни, како самите да придонеле за оваа драматично случување. Кога детето ќе каже дека е злоупотребувано, тоа не лаже. Но, за жал, многу често се случува родителите да се оглушуваат на тоа, не им веруваат, мислат дека претеруваат. Затоа, тие дури откако ќе пораснат, зборуваат за пеколот низ кој поминувале како деца.
Сексуалната злоупотреба на детето не е само силувањето, туку и покажувањето на интимните делови, нападните и непристојни телефонски јавувања, воајеризмот, милувањето, детската порнографија и проституција, како и обидот детето да се силува.
За разлика од педофилот, неговите жртви полесно се воочуваат. Првиот знак на предупредување дека детето е сексуално злоупотребувано е неговата повлеченост, потоа плашањето од физичките контакти со возрасните, се растреперуваат кога некој ќе им се пружи рака, а избегнуваат одредено лице. Кај девојчињата се развива заводливо однесување, а чести се и сексуалните игри со куклите.

Психолозите објаснуваат дека во примерите на насилните педофили во прашање е психопатијата. Кај овие луѓе, агресијата се манифестира само кон послабите, бидејќи кај нив педофилијата е комбинирана со садизмот. Во својата садо-педофилија, тој дожувава чувство на моќ, задоволство, самопочитување. Овие психопати се тешко достапни за лекување, а се опасни до крајот на животот.

Психолозите се сложуваат дека жртвите на педофилијата до крајот на животот чувствуваат последици од она што им се случило, а често и самите заболуваат од нарушувања на психичкото здравје.

Алармантен е податокот дека лицата кои во детството биле жртви на сексуално злоупотребување, многу често кога стануваат родители и самите ги злоупотребуваат децата. Поради психолошкиот механизам на идентификување со агресорот, и самите почнуваат да се однесуваат како него.

Ви донесуваме попис на знаците кои можат да ве упатат на тоа дали некоја личност е опасна за децата. Секако, не заборавајте дека сомнежот не е доволен.

Зеднички карактеристики на сексуалните предатори

– не преземаат одговорност за своите постапки и за грешките ги обвинуваат другите луѓе или околности
– ниска самодоверба
– потреба за моќ и контрола над другите
– недостиг на сочувствување
– неможност за постигнување поинтимен однос со возрасно лице
– историја на злоставување
– проблематично детство
– сексуално девијантно однесување и ставови

Како да го препознаете сексуален предатор

– често се во брак или во врска
– не се секогаш туѓинци, често се членови на семејството, семејни пријатели или соседи
– добро манипулираат и вешто заведуваат
– сакаат да си удоволуваат
– искажуваат знаци на ароганција
– ако се мажи, жените ги третираат како објект
– користат разни видови порнографија
– во дискусиите сакаат да ги рационализираат и оправдуваат злосторствата. Тие се вешти во надмудрувањата
– сакаат да им помагаат на другите за да ѝ се доближат на жртвата
– ги користат стресните ситуации во кои луѓето се ранливи за да се доближат до потенцијалниот плен

Заеднички карактеристики на злоставувачите на деца

– педофилите се исклучително љубезни, пријателски настроени, луѓето лесно ги засакуваат
– педофилите најчесто им приоѓаат на своите жртви преку семејството, училиштето, црквата, спортовите или хоби активностите
– педофилите се како професионални измамници. Тие се експерти за стекнување на довербата на децата и нивните семејства

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Парламентарни избори во Португалија

Следно

Невработеноста дополнително ќе опаѓа, велат од СДСМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian