Познат „Ол-стар“ тимот на Европското првенство, Готфридсон е МВП

1 min read

Навивачите ги даваа своите гласови и ги избраа најдобрите играчи на Европското првенство кое завршува денеска со натпреварите за третото место и титулата.

Во „Ол-стар“ тимот се наоѓаат голманот на Исланд, Виктор Халгримсон, потоа левото крило Милош Вујовиќ (Црна Гора), левиот бек Микел Хансен (Данска).

Најдобар среден бек е Холанѓанецот Лук Стеинс, најдобар десен бек Матијас Гидсел од Данска, најдобро десно крило е Шпанецот Алеиш Гомез, додека на пивотменската позиција е Јоханес Гола (Германија).

За најкорисен играч (МВП) е прогласен Швеѓанецот Џим Готфридсон, додека неговиот репрезентативен колега Оскар Бергендал го доби признанието за најдобар одбранбен играч.

Потсетување од 15.30 часот за бронзата ќе играат Данска и Франција, а од 18.00 часот за трофејот селекциите на Шпанија и Шведска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

По Нил Јанг уште едно повлекување од „Спотифај“: Џони Мичел ја отстрани својата музика од стриминг гигантот

Следно

ФОТО | „Почивај во мир ангелу наш“: Протест пред Сити Мол за загината Викторија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian