По Нил Јанг уште едно повлекување од „Спотифај“: Џони Мичел ја отстрани својата музика од стриминг гигантот

1 min read

Добитничката на Греми, Џони Мичел, по чекорот на канадскиот пејач ја повлече својата музика од стриминг гигантотот. Од дена на ден се зголемува бројот на луѓе кои ја отстрануваат својата музика од „Spotify“. Имено, Џони Мичел изјави дека во знак на „солидарност“ со Нил Јанг ќе ја отстрани својата музика од платформата поради ширење на дезинформации за коронавирусот.

Пејачката истакна дека стриминг гигантот им дозволил на неодговорните луѓе да шират лаги кои „ги чинат луѓето животи“.

Мичел објави и отворено писмо потпишано од коалиција на здравствени работници во кое го повикува Spotify да преземе акција против ширењето на дезинформации на својата платформа. Веста беше објавена набргу откако Јанг ја отстрани својата музика од „Spotify“, наводно поради емитувањето на подкастот „The Joe Rogan Experience“ кој е познат по своите ставови против вакцините.

„Решив да ја тргнам целата моја музика од Spotify. Неодговорни луѓе шират лаги кои ги чинат луѓето животи. Се солидаризирам со Нил Јанг и глобалната научна и медицинска заедница за ова прашање“, рече Мичел.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Столтенберг: НАТО нема да испрати војници во Украина доколку Русија изврши инвазија

Следно

Познат „Ол-стар“ тимот на Европското првенство, Готфридсон е МВП

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian