Парламентарни избори во Португалија

1 min read

Во Португалија денеска ќе се одржат парламентарни избори, каде се преземени дополнителни мерки на претпазливост откако владата одлучи да им дозволи на гласачите заразени со коронавирусот да ја напуштат изолацијата и да гласаат лично, заедно со сите други граѓани.

Бидејќи се проценува дека околу 10 отсто од вкупно 10 милиони португалски граѓани сега се изолирани поради Ковид-19, владата во Лисабон минатата недела одлучи да ги укине ограничувањата за време на утрешното гласање. Изборната комисија вчера соопшти дека „исполнети се сите услови гласањето да се одвива во апсолутно безбедни услови“.

Како и многу европски земји, Португалија соборува неславни рекорди за бројот на заразени со корона, иако во последниот бран на сојот Омикрон е намалена смртноста и хоспитализирањата благодарение на високите стапки на вакцинација.

Надлежните ги повикаа сите заразени со Ковид-19 да гласаат од 18 до 19 часот, но овој апел не е обврска и нема да има посебни избирачки места за заразените гласачи.

kurir.mk

Претходно

Вечерва ќе се гласа за недоверба на Владата во грчкиот Парламент

Следно

Профил на педофил: Како да го препознаете и да го заштитите детето пред да стане жртва

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian