Јовески: Обвинителството не постапува селективно, има предмети и против актуелни функционери

2 mins read

За разлика од поранешниот период сега во Јавното обвинителство ние имаме отворени предмети за носители на актуелната власт, за висок функционер во Владата, за државен секретар во едно од министерствата, потоа има за обвинители, судии и според тоа моја оценка е дека Обвинителството не постапува селективно, туку се држи до рамките на законот и неселективната правда, вели во интервју за РСЕ, јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Не е занемарлив податокот за скокот од 24 места во однос на индексот за перцепција на корупцијата. Тука само да дополнам дека и во извештајот на Стејт департментот на САД се нотира зголемената борба против организираниот криминал и корупцијата, а исто така тоа е заклучокот и во извештајот на Европската унија. Ако се имаат предвид овие податоци, овие оценки во овие извештаи, ќе се види дека има напредок во борбата против корупцијата и организираниот криминал во Република Северна Македонија, но мора да се биде искрен и да се признае дека во овие извештаи се нотираат и определени дејствија или активности што треба да ги преземе државата и особено кога зборуваме за надлежноста на Јавното обвинителство.

Тој вели дека за разлика од поранешниот период сега во Јавното обвинителство има отворени предмети за носители на актуелната власт.

Тука би спомнал дека Обвинителството има отворено предмет за висок функционер во Владата на Република Македонија, има за државен секретар во едно од министерствата, потоа има за обвинители, судии и според тоа моја оценка е дека Обвинителството не постапува селективно, туку се држи до рамките на законот и неселективната правда.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО: Фудбалер на Манчестер јунајтед обвинет за насилство

Следно

Сопственикот на „Беса транс“ достапен за надлежните и сака да соработува, уверува Јовевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian