Неочекувана „бомба“ за крај: Следува ли голема размена меѓу Барса и ПСЖ!?

1 min read

Усман Дембеле би можел да ја напушти Барселона во последните часови од зимскиот преоден рок 2022.

Каталонскиот „Спорт“ објави информација дека се започнати разговори меѓу гигантите ПСЖ и Барселона.

Агентот на играчот им дал „зелено светло“ на првите луѓе на Барса, а фудбалерот наводно веќе постигнал начелен договор со францускиот клуб.

„Спорт“ носи и нови детали од разговорот, односно Мауро Икарди би можел да дојде во Барселона како замена за Дембеле, заедно со неговата менаџерка и сопруга Ванда Нара.

Се споменува и Хуан Бернат кој би бил адекватна алтернатива за Жорди Алба.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Сенегал е последниот полуфиналист во Африканскиот куп на нации

Следно

Денес се празнува: Свети Атанасиј Велики, архиепископ Александриски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian