Како да ја миете косата доколку сакате побрзо да расте: Применете ги овие едноставни совети

2 mins read

Постојат различни третмани и производи кои го стимулираат растот на косата , но да почнеме со нешто нежно, природно и едноставно – миење на косата .

Миењето коса, односно чистењето на скалпот и корените на косата не е само прашање на хигиена, туку со одредени трикови за време на миењето можете да поттикнете побрз раст на косата. Нашата коса е секојдневно изложена на цел спектар на негативни ефекти врз скалпот, како што се нечистотии, бактерии, потење, прашина … Експертите посочуваат дека само скалпот, поради потење и нечистотија, е погоден за развој на бактерии што може да го забави растот на косата. Затоа е важно редовно и внимателно да ја миете косата, покрај масажата, и да го ослободите скалпот од неповолни фактори.

Косата што често се третира со производи за стилизирање на коса е подложна на нечистотија и растот на косата се забавува. Затоа, обидете се да ја намалите употребата на такви козметички производи. Исто така, важно е да изберете шампон и регенератор кои се навистина погодни за вашиот тип на коса, а за да бидете сигурни и дека сте го одбрале вистинскиот, консултирајте се со експерт.

Масажата на главата за време на миењето е совршен стимуланс за раст на косата. Со врвовите на прстите започнете да го триете скалпот од челото па  сè до задниот дел на главата. Покрај тоа што позитивно влијае на косата, масажата на главата е одличен начин за да се опуштите.

Додека го плакнете шампонот, променете ја температурата на  тушот, но не одеднаш топло-ладно, туку на потопло и млако. Поради промените на температурата, протокот на крв во горните слоеви на епидермисот е зголемен, што ги усогласува сите процеси на раст и регенерација на скалпот. Ова е особено ефикасно за тенка коса на која е потребно дополнително тонирање на кожата.

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Преговорите за изборни реформи во БиХ завршија без договор

Следно

Гринвуд исфрлен од тимот на Манчестер јунајтед, полицијата покрена истрага

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian