Манчестер јунајтед го суспендираше Мејсон Гринвуд до дополнително известување откако се појавија снимки од неговото злоставување врз неговата девојка Хериет Робсон.
Таа на Инстаграм објави фотографии од нејзиното раскрвавено лице и модринки по телото и за тоа го обвини Гринвуд. Робсон објави и хорор аудио снимка на која се слуша машки глас кој ја принудува на секс што таа го одбива.
Манчестер јунајтед денеска официјално соопшти дека клубот знае за случајот и го истражува, но дека до дополнително известување нема да има коментари на таа тема.
Подоцна, се објави дека Гринвуд е исклучен од тимот до дополнително известување и дека нема да може да тренира.
– Официјално соопштение на Манчестер јунајтед за ситуацијата со Мејсон Гринвуд. Мејсон Гринвуд нема да се врати на тренинзите или да игра натпревари до дополнително известување – објави новинарот Фабрицио Романо на својот Твитер профил.
Manchester United official statement on Mason Greenwood situation 🔴⤵️
“Mason Greenwood will not return to training or play matches until further notice”.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 30, 2022
Полицијата на Манчестер соопшти дека покренала истрага и ги утврдува сите околности по што ќе одлучи за понатамошните чекори. Девојката на Гринвуд ја избришала објавата откако приказната се проширила во медиумите.