(ФОТО) Тамара Тодевска ужива во музиката на уличниот свирач: Недела е ден за прошетка во градскиот парк

1 min read

Вистинско уживање е кога Тамара Тодевска споделува забавни содржини на својот инстаграм – профил, особено од семејните моменти. По долгата пауза пејачката се врати на својата работа со полна пареа, а викендот Тодевска го користи за одмор и уживање со семејство.

Фото: Принтскрин/Instagram

Тамара на својот инстаграм – профил сподели прекрасно видео од неделната прошетка низ градскиот парк. Пејачката уживаше во музиката во изведба на еден уличен свирач заедно со своите деца.

Фото: Принтскрин/Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram

Пејачката го користи секој слободен момент да помине со своето семејство. Хана и Дарен се најголемата љубов на пејачката и нејзиниот сопруг Александар – Мачка. Од неодамна семејството Димитровски е побогато за уште еден член, а тоа е миленикот по име Хачи. Хачи е преслатко кученце од расата кокер – шпаниел, а притоа од цело семејство токму Хачи најмногу се радува на овие прошетки.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Северна Кореја го лансираше најмоќниот проектил од 2017-та

Следно

Рафа за историја: Надал е шампионот на „Австралија опен“!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian