Актуелниот претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија како и поранешен кошаркар и член на македонската кошаркарска репрезентација, Перо Антиќ со своите бројни фанови на социјалните мрежи сподели интересни фотографии како ужива во викендот.
Недела е совршен ден за малку спорт, особено ако имате добро друштво. Перо секогаш има одлично друштво за некоја партија кошарка, а тоа се неговите синови. Веќе познато е дека дел од некоговата екипата е сериозно посветена на овој спорт, а помладите членови на тимот одлично напредуваат.
Перо Антиќ е горд татко на три сина, Лука, Павел и Петар. Перо и неговата екипа уживаа на спортските трибини овој викенд уживајќи во омилениот спорт.
„Мојата екипа е подобра од твојата“ – стои во описот на фотографијата која гордиот татко ја сподели со своите бројни следбеници.
Најстариот син Лука тргна по стапките на својот татко, а Павел и Петар полека, но со големо внимание ги следат стапките на својот поголем брат.