ФОТО | Доктор Горан го предизвика Бомбакис: Многу важна порака испишана на парче картон!

1 min read

Дали го знаете инфлуенсерот Кристијан Станковски? Момчето со темни очила и брада попознат како Бомбакис кој на своите фотографии од социјалните мрежи во рацете држи парче картон на кое секогаш е испишана некоја кратка, но забавна или поучна порака.

Овој пат на профилот на Бомбакис се појави фотографија со нова порака, но парчето картон овој пат не е во рацете на Кристијан туку во рацете на нашиот најпознат доктор – инфлуенсер.

Познатиот доктор – инфлуенсер кој личниот и професионален живот, посветено и несебично го споделува со своите фанови на социјалните мрежи, познат по името Горан Трајковски или попознат само како доктор Горан повторни го привлече нашето внимание, а притоа успеа и добро да не насмее.

Доктор Горан кој во реалниот живот покрај на „Инстаграм“ дава совети и спасува животи веќе 5 години како специјализант по Интерна медицина во Баварија, овој пат својот „медицински извештај“ го напиша на парче картон, со „докторки ракопис“.

Инспириран од својот колега – инфлуенсер доктор Горан напиша нешто многу важно. Што пишува на парчето картон, ќе оставиме некое медицинско лице да дешифрира или таа задача ќе ја препуштиме на Бомбакис.

Со оваа фотографија покрај тоа д-р Трајковски го предизвика Бомбакис, не врати во времето кога медицинските извештаи се пишуваа рачно и беше навистина тешко да се прочита што пишува на нив.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Брнабиќ за Црна Гора: Мала земја а силна мафија – врвот на државата мора да е вмешан

Следно

ВИДЕО: Египет за финале против Камерун во Африканскиот куп на нации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian