ФОТО | „Додека смртта не не раздели“: Борко и Нина Ристовски прославија четири години брак

1 min read

„Министерот за одбрана“ викендов прослави четири години брак со сопругата Нина. Голманот Борко Ристовски на својот инстаграм – профил често споделува фотографии од семејниот албум со својата сакана. Неговата сопруга Нина по повод годишнината сподели фотографија од нивната венчавката проследена со убава порака.

„Четири години брак како четириесет. Борко те сакам“, напиша таа. „Додека смртта не не раздели“, напиша во коментар голманот под романтичната објава на сопругата.

Нина и Борко склучија граѓански брак на 29 јануари 2018 година. Свадбена веселба правеа на 5 јануари следната година. Синот Душан, е плод на љубовта на Нина и Борко. Парот често споделува фотографии од прекрасните семејните моменти на социјалните мрежи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грчкиот Парламент со 156 гласа „против” го отфрли предлогот на СИРИЗА за недоверба на Владата

Следно

Трајковски не се враќа во Мајорка, се сели во Саудиска Арабија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian