Дијаз го комплетираше трансферот од Порто во Ливерпул

1 min read

Нов играч во составот на Јирген Клоп е Луис Дијаз кој доаѓа од редовите на Порто, потпишувајќи долгорочен договор по завршувањето медицинските прегледи и финализирањето на личните услови.

Дијаз ќе пристигна на „Енфилд“ после репрезентативните обврски со Колумбија која треба да игра против Аргентија во квалификациите за Светското првенство во вторник навечер.

За Порто настапуваше две и пол години, со 125 настапи, постигнувајќи 41 гол.

Токму овој 25-годишен напаѓач двапати се соочи против Ливерпул оваа сезона во групната фаза на Лигата на шампионите.

Сезонава 14 пати ја тресеше противничката мрежа со 18 лигашки натпревари. За својата национална селекција има 31 настап и седум погодоци.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

(ФОТО) „Мојата екипа е подобра од твојата“: Перо Антиќ со неговите момци ужива во викендот

Следно

МФ домаќин на првиот состанок на работната група со Бугарија за економија, трговија и иновации

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian