Денес сончево со мала облачност, од утре следат големи промени

1 min read

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во источните делови повремено ќе биде значително облачно, а кон крајот на денот во североисточните ќе има услови за слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе  достигне до 8 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне, информираат од УХМР. рп/сп/

skopjeinfo.mk

Претходно

Во моментов има 18.909 активни случаи, хоспитализирани 616 ковид пациенти

Следно

Дневен хороскоп за 30 јануари: Секој проблем има добро решение

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian