Брнабиќ за Црна Гора: Мала земја а силна мафија – врвот на државата мора да е вмешан

1 min read

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави денес дека е неверојатно во Црна Гора, како една мала земја, да постои толку силна мафија и организиран криминал, а да не бил одобрен од некој од врвот на државата.

Таа така одговори на новинарското прашање дали верува во тоа што го изнесе српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин дека има информации дека шефот на кавачкиот клан има свој политички шеф кој е поврзан со земја блиска до Србија – што укажува на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и дали се тоа информации од Европол или од српските разузнавачки служби.

Брнабиќ кажа дека нема непосредни сознанија за тоа ниту какви било докази, но дека има сомнеж.

„Мислам дека секој разумен има сомнеж, бидејќи е неверојатно во една толку мала држава да имате толку силна мафија и организиран криминал, а тоа да не е одобрено од страна на некој од државниот врв“, одговори кратко српската премерка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Според Бектеши со новата одлука недела неработен ден, 92 отсто од вработените имаат слободно време

Следно

ФОТО | Доктор Горан го предизвика Бомбакис: Многу важна порака испишана на парче картон!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian