Бектеши покажа како не се работи во недела и излезе на прошетка со семејството

1 min read

Министерот за економија Крешник Бектеши на дело покажа како им е на работниците кои се 92 отсто од вкупно вработените во земјава и за кои недела со закон е прогласена за неработен ден и излезе на прошетка со семејството.

„Со конечна одлука недела е НЕРАБОТЕН ДЕН. 92 отсто од вработените имаат слободно време да поминат со своите семејства. Осум отсто од вработените кои работат во недела имаат повисока плата од 50 до 100 отсто. Работничката работа треба да се почитува и цени правилно, напиша Бектеши на својот фејсбук профил.

Според него, секој работник има право да се одмори и да ја помине неделата со семејството, дополни тој.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Гринвуд исфрлен од тимот на Манчестер јунајтед, полицијата покрена истрага

Следно

БРОЈКАТА РАСТЕ, НАД 20.000 АКТИВНИ СЛУЧАИ – Скопје на врвот, проверете каква е состојбата со коронавирусот во вашиот град

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian