ВИДЕО: Јокиќ е трипл-дабл машина

1 min read

Никола Јокиќ продолжува да доминира во НБА лигата и во победата на неговиот Денвер нагетс од 116:105 над Њу Орлеанс дојде до 69 трипл-дабл во кариерата.

Затоа колку е доминантен на НБА паркетите, најдобро покажува статистиката, Јокиќ во јануари има дури шест трипл-дабл  остварувања. Единствен кој е подобар од Јокиќ е легендарниот центар Вилт Чембрлен кој во март 1968 година имаше неверојатни 11 трипл-дабл остварувања.

– Задоволство е да се игра со Јокиќ. Неговата визија на теренот, несебичноста, љубовта кон кошарката ги мотивира сите. Тој прави се да изгледа како забава, а потоа е многу полесно – вели неговиот соиграч, Арон Гордон.

Трипл-дабл оствари и Крис Пол во победата на Феникс над Минесота. Бекот во победата на неговиот тим учествуваше со 21 поен, 10 скокови и 14 асистенции.


Резултати:
Орландо Меџик – Детроит Пистонс 119:103
Атланта Хокс – Бостон Селтикс 108:92
Шарлот Хорнетс – ЛА Лејкерс 117:114
Хјустон Рокетс – Портланд Трејл Блејзерс 110:125
Мемфис Гризлис – Јута Џез 119:109
Мајами Хит – ЛА клиперс 121:114
Њу Орлеанс Пеликанс – Денвер Нагетс 105:116
Оклахома Сити Гром – Индијана Пејсерс 110:113
Сан Антонио Спарс – Чикаго Булс 131:122
Феникс Санс – Минесота Тимберволвс 134:124
Милвоки Бакс – Њујорк Никс 123:108

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Замрсен“ љубовен триаголник: Џулија Фокс била во врска со Дрејк пред да биде со Канје Вест

Следно

Буџетска сметка на општина одблокирана по 14 години: Како се работело?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian