ВИДЕО | Готвиме со Маја: Вртена пита со месо и фокача со зачини

3 mins read

Вртена обратна пита со месо 

Тесто
– 800 г брашно
– 300 мл млеко
– 100 мл кисела вода
– 2 Долчела квасец
– 1 јајце
– 80 мл масло

Фил 1
– 500 г мелено мешано  месо
– 5 лажици Подравка пасата
– 1 кромид
– 2 чешниња лук
– 1/2 лажица Вегета Класик
– Сол
– Бибер
– Црвен пипер
– Допир кари

Фил 2
– 100 г павлака
– 100 г сирење
– 100 г крем сирење
– 100 г рендан пармезан
– 100 г рендан кашкавал
– Допир морско оревче
– Сол
– Бибер
– 2 жолчки
– Натура Сусам

готвиме со маја
Фото: Промо

1. Замесете меко тесто и иставете го да стасува 1 час
2. Во меѓувреме за првиот фил исечкајте кромид и лук и ставете ги да се пржат
3. Ставете го месото да се пржи, додадете пасата и зачинете
4. За вториот фил потребно е во сад да ги измешате сите состојки и убаво да соедините
5. Кога ќе стаса тестото, премесете го благо и направете од него векна и поделете ја два дела
6. Потоа расукајте две тенки кори
7. Секоја од корите се дели на три ленти
8. На секоја лента на крајот ставете оф филот со сирење и замоткајте во ролна неколку пати (околу една третина од кората)потоа ставете по ивицата од филот со месо и повторно замоткајте неколку пати и на последниот дел ставете рендан кашкавал и затворете го ролатот
9. Замоткајте го како полжав
10. Ставете го на средината на намастен кружен плех на кој сте ставиле малку брашно
11. Останатите кори замотајте ги како првата и редете ги околу првото парче
12. Питата ставете ја во загреана рерна на 200 степени и печете околу 25 минути

готвиме со маја
Фото: Промо

Фокача со суви зачини

 

Тесто
– 700 г брашно
– 300 мл топла вода
– 2 пакетчиња сув квасец
– 80 мл маслиново брашно

Фил
– 3 чешниња лук
– 1 лажица сув босилек
– 1 лажица лук во прав
– 3-4 шери домати
– Сол
– Бибер
– Вегета Класик

готвиме со маја
Фото: Промо

1. За тестото, прво ставете ги мокрите состојки а потоа додавајте брашно
2. Замесете класично меко тесто и оставете го да стасува 1 час
3. Плехот каде што ќе печете, убаво подмачкајте го со масло
4. Рацете намастете ги убаво и ставете го стасаното тесто во плехот и само со притискање на прстите развлечете го тестото, правејќи дупчиња во тестото
5. Исечете ги шери доматите на тенки листови и ставете ги врз тестото
6. Во здела истолчете лук со маслиново масло, ставете лук во гранули, Вегета, црн бибер, босилек и премачкајте ја фокачата
7. Ставете ја да се пече во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути

готвиме со маја
Фото: Промо

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Силен земјотрес на островот Кермадек

Следно

Костакурта е оптимист: Квалитетот и тимскиот дух се на страна на Италија во дуелот со Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian