Средба Маричиќ – Ќучук: Двете страни имаат волја за брз напредок во соработката

1 min read

Заменик – претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ оствари средба со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на која беше разговарано за новиот пристап и насоката во која ќе тече дијалогот меѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, соопшти Секретаријатот за европски прашања.

– Во пријатна атмосфера на меѓусебно уважување разговаравме со бугарскиот европратеник и известувач за Северна Македонија, Илхан Ќучук, и потврдивме дека двете страни имаат волја за брз напредок во соработката и давање нова вредност на односите помеѓу двете држави. Новиот пристап на двете земји за враќање на дијалогот на вистинскиот пат ќе придонесе кон зајакнување на довербата и заживување на добрите односи помеѓу граѓаните, што е наша обврска и должност како политичари. Убеден сум дека со ова темпо ќе продолжат разговорите помеѓу двете земји, во духот на добрососедските односи и европските вредности, напиша Маричиќ на својот Фејсбук профил.

Денешната средба на вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и европратеникот Ќучук е во рамки на билатералната конференција „БГМК 2030″: Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво, на која тие учествуваа.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Има нова прва дама во Белата Куќа: Добредојде Вилоу!

Следно

Топли зимски пијалаци: Загрејте се со овие интересни коктели

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian