СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА: Внимателно на превоите, има снег

1 min read

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет врне во Ѓавато, Крива Паланка и Попова Шапка.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 29 јануари: Сѐ ќе излезе на добро

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори кога ветил дека во Уставот на државата ќе бидат внесени Бугарите и што за возврат добива Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian