Силен земјотрес на островот Кермадек

1 min read

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтерова скала го погоди регионот на островот Кермадек, северно од Нов Зеланд, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS).

Институтот ја ревидираше почетната јачина на земјотресот, која беше 6,6 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри под површина на земјата. Американскиот систем за предупредување од цунами објави дека не се очекува земјотресот да предизвика големи бранови.

kurir.mk

Претходно

Милановиќ: Најкорумпирана хрватска влада е оваа на Пленковиќ

Следно

ВИДЕО | Готвиме со Маја: Вртена пита со месо и фокача со зачини

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian