Шоу на Кирјос во Мелбурн: Прво избрка гледачи од трибините, па ја освои титулата

1 min read

Ник Кирјос и Танасис Кокинакис ја освоија титулата во машки двојки на Австралија Опен откако во финалето со 7:5,6:4 ги совладаа сонародниците Метју Ебден и Макс Пурсел.

Мечот беше динамичен и траеше неполни 100 минути, а во главната улога беше Кирјос кој влезе во вербална расправија со навивачите.

Расправијата заврши така што Кирјос ги избрка гледачите со зборовите „Марш надвор“.
Овој момент се случи во моментот кога противниците имаа сервис, но еден гледач гласно негодуваше поради што главниот судија побара да се смири. Потоа се вмеша Кирјос и им рече на редарите да го исфрлат несовесниот гледач надвор од стадионот.

Обезбедувањето му пријде на гледачот и по кратко убедување го испрати него и уште двајца пријатели надвор од трибините.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Топли зимски пијалаци: Загрејте се со овие интересни коктели

Следно

24 починати лица и 1837 нови случаи на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian