Шмит е оптимист за разговорите за Изборниот закон во БиХ

1 min read

Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит, изјави дека е оптимист и дека разговорите за изборните реформи во Неум се „на вистинскиот пат“.

– Како што кажав вчера, ќе биде прифатен Изборниот закон со кој сите се согласуваат, а кој вклучува рамномерна застапеност на сите конститутивни народи во државните институции, како и почитување на „другите”, беше соопштено денеска од ОХР.

Шмит им се заблагодари на американските и европските посредници во преговорите, Метју Палмер и Анџелина Ајхорст, за нивната посветеност за постигнување конечно решение.

– Ја ценам подготвеноста на сите вклучени да претстават нација која ги почитува различностите и демократските принципи во БиХ, додека ја зачувува европската перспектива за нејзините граѓани. Се надевам дека добри вести ќе дојдат од Неум за подобрување на Изборниот закон, рече тој.

Преговорите меѓу партиите од Федерацијата БиХ, со посредство на меѓународни претставници, за измени на изборното законодавство почнаа во четвртокот вечерта во Неум.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Груби: Измените на Изборниот законик и на Уставот да се стават на маса на политичките партии, а не во медиуми

Следно

Трамп: Бев 45-ти, ќе бидам и 47-ми претседател на САД (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian