Пукање во Визбегово, повредено едно лице

1 min read

Во скопското село Визбегово синоќа едно лице пукало со огнено оружје кон кон четири лица при што со повреди во пределот на нозете се здобило едно лице, соопшти Министерството за внатрешни работи.

-Синоќа во 20:30 часот е пријавено дека во село Визбегово, скопско, едно лице испукало со огнено оружје кон О.И.(36) од село Визбегово, Н.Љ.(27) од Скопје, В.Н.(40) од Куманово и Е.Р.(20) од Скопје. Со повреди во пределот на нозете се здобил Е.Р., по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош, посочуваат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Близу 10.000 активни случаи во Скопје, еве ја состојбата во другите градови

Следно

Необично милениче кое го пцуе: Николас Кејџ ужива во својот гот период и навредите на неговиот гавран

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian