Погба се пишмани, останува во Јунајтед?!

1 min read

Пол Погба има уште шест месеци од актуелниот договор со Манчестер јунајтед и иако медиумите го селат во Реал Мадрид и ПСЖ, францускиот репрезентативец размислува да остане на „Олд трафорд“ и да потпише нов договор.

Причина за ваквото размислување на Погба кој во минатото изјавуваше дека сака нов предизвик, е новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник. Наводно, Рангник му ја објаснил својата фудбалска визија на Погба во кого го гледа лидерот на идниот Јунајтед, односно по заминувањето на Кристијано Роналдо кој има уште 18 месеци од договорот.

Единствена пречка во овој план на Рангник е тоа што има договор до крајот на сезоната по што би добил функција во управата. Но, медиумите во Англија шпекулираат дека, Рангник може да остане на клупата и идната сезона доколку обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Необично милениче кое го пцуе: Николас Кејџ ужива во својот гот период и навредите на неговиот гавран

Следно

Пендаровски реагира на соопштението на бугарското МНР

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian