Официјално: Траоре се врати во Барселона

1 min read

Шпанскиот фудбалер Адама Траоре и официјално повторно е член на Барселона, потврди каталонскиот тим.

Траоре на „Камп Ноу“ дојде на шестмесечна позајмица со право на откуп на договорот за 30 милиони евра.
Траоре е дете на Барселона, беше дел од славната академија Ла Масија и првите четири натпревари во сениорска конкуренција ги одигра токму за каталонскиот тим, по што во 2015 година за сума од 10 милиони евра се пресели во Астон Вила.

Потоа, фудбалскиот пат го водеше преку Мидлсбро до Вулверхемптон па се до Барселона.
Освен Барселона, сериозен интерес за Траоре пројавуваше и Тотенхем, но на крајот пресуди желбата на фудбалерот да се врати во клубот во кој ги одигра првите натпревари во професионалната кариера.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кралицата Елизабета лансира свој бренд на кечап и кафеав сос… совршени во комбинација со нејзиниот џин!

Следно

Момчето на Викторија која загина кај „Сити мол“ утре организира собир – „Стоп за сообраќајното насилство“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian