Мекинро: Ми се допаѓа однесувањето на Медведев

1 min read

Поранешниот американски тенисер, Џон Мекинро е еден од ретките кој застана во одбрана на постапките и однесувањето на Данил Медведев за време на полуфиналниот меч на Австралија Опен против Стефанос Циципас.

Русинот кој со победата над Циципас обезбеди пласман во финалето на Австралија Опен каде го чека пресметка со Рафаел Надал, ги загуби нервите во вториот сет. Тогаш непристојно и гласно викаше кон главниот судија барајќи од него да реагира и да го казни Циципас поради наводни совети кои ги добива од неговата ложа на трибините.

„Следниот пат треба да му дадеш опомена бидејќи неговиот татко постојано зборува“, му зборуваше Медведев на главниот судија.

Иако најголем дел од тениската јавност го осуди однесувањето на Медведев, легендарниот Џон Мекинро има поинакво мислење.

– Прашувате погрешна личност за коментар. Искрено, сакам да видам емоции кај тенисерите.Во минатото јас, Џими Конорс и Иван Лендл зборувавме секакви глупости и тоа беше интересно за навивачите. Мене ми се допаѓа однесувањето на Данил – изјави Мекинро.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Брза помош“ за гладните: 3 заситувачки салати кои ќе ги подготвите за час!

Следно

Стефановски: Ова неспособна Влада, при буџет од 4 милијарди евра годишно, наместо да им помогне на граѓаните објавуваат тендери за бадеми и лешници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian