Македонија го чека противникот за првиот бараж за СП 2023

4 mins read

За да стигне до Мундијалот што се одржува в година, нашата репрезентација ќе мора да мине две бараж фази. Противникот за првата фаза ќе го дознаеме в недела по ждрепката во која спаѓаме во групата на носители 

Европската ракометна јавност в недела, кога се игра финалето на ЕП 2022, ќе го очекува новиот европски шампион. Во Македонија ќе владее и исчекување за исходот на ждрепката за баражот за пласман на Светското првенство 2023 (13.30 ч). Познато е дека нашата репрезентација, за да се квалификува на следното СП, ќе треба да мине две бараж фази. На тековното ЕП 2022 забележавме слаб пласман (22 место), поради што ќе мораме да играме две бараж фази за да стигнеме до Мундијалот, наместо една.

Во првата бараж фаза очекуваме полесна пречка, а можни противници ни се селекциите на Белгија, Естонија, Фарски Острови, Финска, Израел, Грција, Италија, Романија и Швајцарија. Ова се репрезентации кои преку претквалификации стигнаа до оваа фаза. Македонија е меѓу носителите заедно со Австрија, БиХ, Украина, Литванија, Португалија, Словачка, Словенија и Белорусија.

Ова би требало да биде првата полесна пречка, а мечевите се играат меѓу 14 и 20 март. Сите се согласуваат дека најопасни потенцијални противници би ни биле Романија и Швајцарија. Така размислува и репрезентативецот Гоце Георгиевски.

– Сметам дека генерално сме подобри од сите наши можни противници во првата фаза од баражот. Сепак, ако би можеле да ги избегнеме Романија и Швајцарија би било добро, затоа што тие се меѓу поквалитетните во оваа група. Другите не би требало да ни бидат посериозна пречка. Играњето две бараж фази секако не е добро, но можеби има и позитивна страна. Првиот бараж би ни бил добредојден како „подготовка“ за втората бараж фаза во која (ако ја минеме првата) ќе имаме посериозен противник – вели Георгиевски.

Голманот Мартин Томовски смета дека кој и да е противникот во првата фаза, треба максимално подготвено да се пречека.

– Не можам да кажам кои противници би сакал да ги избегнеме или би ги преферирал во првата фаза. Но, кој и да е, треба максимално сериозно да се поставиме. На овој тим му требаат натпревари, да настапува што повеќе, за да го кренеме нивото на играта и да постигнеме подобри резултати – вели Томовски.

Во втората бараж фаза (11-17 април), ако ја минеме првата, нема да бидеме носители. Ќе се соочиме со противници кои се пласираа од четвртото до 15. место на тековното ЕП. Актуелниот светски првак Данска и домаќините Полска и Шведска имаат директен пласман на Мундијалот.

Земјите кои преку пласманот на ЕП 2022 од четвртото до 15 место се пласираа директно во втората фаза  на баражите за СП (со исклучок на Данска, Полска и Шведска) се Хрватска, Чешка, Германија, Унгарија, Црна Гора, Холандија, Русија, Србија и Исланд/Норвешка (зависно од тоа која од овие две слекции ќе се пласира на 6. место на ова ЕП.

Јасно е дека на Македонија ако се пласира во втората фаза воопшто нема да и биде лесно, било која од овие селекции да ни биде противник. Инаку Светското првенство ќе се игра од 11 до 29 јануари 2023 година.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ново поглавје за познатиот актер: Џејсон Момоа ќе стане дел од семејството „Fast and Furious“

Следно

Ковачевски: Се покажува дека со Петков го одбравме вистинскиот пристап

Latest from Blog

ВМРО-ДПМНЕ: Успехот во економијата на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ е четвртото место за Македонија на ранг листа за мерење во Европа со 16% инфлација

Катастрофата во справувањето со економската криза на неспособната власт на СДСМ ја плаќаат граѓаните. За месец

MacedonianEnglishAlbanian