Конте во Тотенхем носи двајца фудбалери на Јувентус

1 min read

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте и директорот Фабио Паратичи, се обидуваатво последните денови од зимскиот преоден рок да ја засилат екипата и се наоѓаат пред договор со нивниот поранешен тим, Јувентус.

Имено, Конте е заинтересиран за Родриго Бентакур и Дејан Кулушевски кои имаат дозвола од Јувентус да си заминат доколку на нивна адреса пристигне примамлива понуда.

Бентакур би требало да претставува засилување за одбраната на Тотенхем, додека Кулушевски искочи во прв план откако Адама Траоре наместо во Лондон, заврши со Барселона, додека Луис Дијаз го избра Ливерпул со кого се наоѓа во завршни преговори.

Планот на Паратичи е веднаш да го купи Бентакур, додека Кулушевски во Тотенхем би пристигнал на шестмесечна позајмица со задолжителен откуп на лето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Правила за носење мини здолниште во 2022 година

Следно

Ангелов: Со 500 до 600 илјади евра државата може да ги затвори прашањата поврзани со бранителите од 2001 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian