Кога градите на детето „свират“ – најтипичен симптом на бронхитис

5 mins read

Белите дробови се „распарчуваат“, градите свират, а дишењето е отежнато, се едни од најтипичните симптоми на бронхит, односно воспаление на дишните патишта од кое најмногу страдаат децата помлади од 10 години.

Доколку му се случи тоа и на вашето дете, најважно е да се постави правилна дијагноза и да се примени соодветно лекување за да се спречи, обично, карактеристичното враќање на болеста и да се зачува здравјето на дишните органи. Специфичното свирење и отежнатото дишење се резултат на стегањето на ѕидовите на бронхиите (опструкција) и отежнатото поминување на воздухот поради потечената слузна мембрана и густата слуз во бронхиите.

Акутниот бронхит има два причинители. Првата причина е инфективна, бидејќи често се јавува како компликација при инфлуенца. Вирусите се почести причинители на акутниот бронхит од бактериите, иако и бактериите често може да ја предизвикаат ова болест.

Втора причина за акутен бронхит е од хемиско-физикална природа, како што се бројните штетни материи од воздухот, издувните гасови, чадот од цигарите и индустриските загадувачи. Прашината, влагата, големиот студ и големите жештини, како и инфекциите на дишните патишта, кои не се лекуваат на време, исто така, претставуваат ризични фактори за акутен бронхитис.

Кога по настинката кај пациетот ќе се појави зголемена температура проследена со кашлање и болка во градите, тоа се првите симптоми на акутен бронхитис. Потоа болките се интензивираат и се шират на целиот граден кош, кашлањето се засилува, а дишeњето станува отежнато и забрзано. Бронхиалната слузокожа е надразнета, се зголемува количината на слузта која ја лачи бронхијалниот ѕид, што предизвикува силно кашлање и пообилно искашлување.

Кај повеќето пациенти излекувањето се постигнува во период од неколку недели. Кај малите деца, постарите лица и срцевите болни лекувањето трае подолго и заздравувањето е потешко. Често на примарната вирусна инфекција и се придружува и бактериската инфекција, па затоа е неопходен антибиотски третман. Освен антибиотици, постојат и таканаречени муколитици, лекови кои овозможуваат полесно искашлување и исфрлување на секретот. Кај присутната температура се употребуваат и антипиретици, додека пак, лекови за смирување на кашлањето се применуваат само доколку се неопходни.

Основни симптоми на хроничниот бронхит се кашлањето, зголемената температура, тешкотии при дишењето, како и намалената работна способност. Дотокот на воздух во белите дробови на болниот е намален, бидејќи ширината на проаѓањето на воздухот е редуцирана, а се јавува и голема количина слузав секрет. Сето тоа тоа доведува до диспнеја. На пацинетот му се отежнуваат секојдневните активности, а тој често се чувствува изнемоштено и изморено.

Ако болниот не се оддалечи од факторите кои го предизвикуваат хроничниот бронхитис, текот на болеста може да се влоши.

Ако пациентот е пушач, прва тераписка мерка е престанувањето со пушење, што во повеќето случаи предизвикува подобрување, намалено кашлање, олеснување на дишењето и подобрување на општата состојба на пациентот.

Ако загадениот воздух е причина за хроничниот бронхитис кај пациентот, тогаш тој се советува да оди на друго место, каде нема загадување, без магла, влага, со блага и умерена клима. Промената на местото на престојот кај повеќето пациенти доведува до значајно подобрување.

Што се однесува до инфекциите на дишните патишта, се советува избегнување на голем студ и горештина, влага и магла, а во текот на вообичаените зимски епидемии на вируси, потребни се големи мерки на претпазливост. Во случај на некои поблаги инфекции, се препорачува одмарање, со домашно лекување, додека потполно не оздрави пациентот.

Пациентите со хроничен бронхитис треба да ги избегнуваат просториите кои се премногу загреани и да се одржува доволна влажност на воздухот во просторот во кој престојуваат.

Терапијата најчесто вклучува муколитици, бронходилататори и антиинфламаторни лекови, како и инхалациски терапии, кои се докажале како делотоворни.

Најчести предизвикувачи на хроничниот бронхитис се пушењето, загадениот воздух и инфекцијата на дишните патишта. Пушењето и загадениот воздух иницираат зголемено лачење на слузта, а на тоа се придружува и инфекцијата. Дополнителни компликации може да создаде и алергијата на некоја материја која пациентот ја вдишува.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да одговори кога ветил дека во Уставот на државата ќе бидат внесени Бугарите и што за возврат добива Македонија

Следно

Депонијата „Русино“ отворена, Свети Николе се пишмани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian