Искористете ги овие два дена од викендот, од понеделник следува дожд и снег

1 min read

Претпладне променливо облачно, на повисоките планини на северозапад со повремен слаб снег. Во текот на денот облачноста ќе се намалува. На повеќе места ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец (над 60 км/час). Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Под влијание на влажен бран во понеделник во вечерните и ноќните часови в западните делови ќе има врнежи од дожд и снег, кои ќе продолжат и во вторник и ќе се прошират насекаде. Наместа врнежите ќе бидат пообилни. На повеќе места ќе се формира нова снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Локални врнежи од снег ќе има и во среда претпладне.

kurir.mk

Претходно

Буџетска сметка на општина одблокирана по 14 години: Како се работело?

Следно

Ќе се градат нови катни и монтажни паркиралишта во Чаир, Аеродром, Центар и Кисела Вода

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian