Град Скопје обезбеди оброци на граѓани од социјално ранливи категории

1 min read

Град Скопје продолжува со акцијата за обезбедување оброци на граѓани од социјално ранливи категории.

Овој викенд продолжува акцијата со која се обезбедуваат оброци на граѓаните од социјално ранливите категории, од страна на Град Скопје во соработка со здружението Љубезност и Ретвитни оброк.

Денес на акцијата присуствуваше Филип Јаневски, советник во Совет на Град Скопје, кој заедно со волонтерите на РеТвитни оброк и здружението Љубезност поделија оброци на бездомните лица.

Средствата во висина од 32 илјади евра кои што поранешниот градоначалник ги предвидел за угостителски услуги, сега градоначалничката Арсовска ги пренамени за помош на граѓаните од социјално ранливи категории, известија од Град Скопје. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Стефановски: Ова неспособна Влада, при буџет од 4 милијарди евра годишно, наместо да им помогне на граѓаните објавуваат тендери за бадеми и лешници

Следно

Правила за носење мини здолниште во 2022 година

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian