Ешли Барти ја потврди доминацијата во женскиот тенис со освојување на титулата на првиот годинешен гренд слем турнир, Австралија Опен и тоа пред домашните навивачи.
Барти стана првата австралиска тенисерка по О’Нил од 1978 година која триумфира на гренд слем турнирот во Мелбурн, и на прес-конференцијата по мечот изјави дека е среќна што има можност да почувствува како е да се освојуваат најголемите трофеи во тенисот, тие од грен слем турнирите.
– Беше надреално, не знаев што точно треба да правам и како да се чувствувам. Малку ги пуштив емоциите да излезат од мене. Енергијата од навивачите беше неверојатна – беа првите зборови на новата шампионка на Австралија Опен.
Барти до трофејот до дојде со неверојатен пресврт во вториот сет, иако губеше со 1:5, успеа да се врати и да израмни на 5:5, а потоа и да слави во тај-брејкот.
– Само сакав да бидам агресивна и тактички да се подготвам за третиот сет. Но, тенисот е чуден спорт и во таков систем работите многу брзо можат да се променат. Ми беше важно да останам во игра бидејќи знаев дека публиката ќе ме поддржи. Од ништо направив нешто –додаде Барти.