Фудбалерите на Буркина Фасо се вторите полуфиналисти на Африканскиот куп на нации откако во четвртфиналето беа подобри од фаворизираниот Тунис.
Буркина Фасо славеше со минимални 1:0, а стрелец на единствениот гол беше Данго Утара во третата минута од судиското продолжение во првото полувреме.
Противник на Буркина Фасо во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Сенегал и Екваторијална Гвинеја.
Во второто полуфинале, домаќинот Камерун го очекува подобриот од последното четвртфинале помеѓу Египет и Мароко.