Во изградба новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип

1 min read

Денеска Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) ја информираше јавноста дека во тек се градежни активности за изградба на новата западна трибина на Градскиот стадион во Општина Штип.

Во проектот финансиран од Фудбалската федерација на Македонија, западната трибина ќе има капацитет од 2.400 седишта, простор за медиуми и за лица со инвалититет, ВИП ложа и ресторан.

Во подтрибинскиот простор соблекувални и простории за службени лица по стандардите на УЕФА и ФИФА.

– Штип наскоро ќе биде пример за успешна фудбалска приказна во државата. Ја менуваме сликата на стадионите – известуваат од ФФМ.

Овој месец првиот човек на македонскиот фудбал, Муамед Сејдини имаше работна средба со градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, за изградба на нов репрезентативен стадион во рамки на „Куќа на фудбалот“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Ти си Маестро, најголемиот генијалец во семејството“: Емотивна комеморација во чест на Александар Џамбазов

Следно

МЖСПП издаде насоки за неопходните мерки за безбедно работење на депонијата „Русино“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian