ВИДЕО | „Ти си Маестро, најголемиот генијалец во семејството“: Емотивна комеморација во чест на Александар Џамбазов

3 mins read

Во чест на Маестро Џамбаз како што многумина го викаа Александар Џамбазов, на денешната комеморација во Националната опера и балет, дојдоа голем број негови пријатели, познаници, музичари да му оддадат почит на големиот музичар, човек со ведар дух и насмевка.

Комеморација на Александар Џамбазов/Фејсбук
Комеморација на Александар Џамбазов/Фејсбук

Почетокот на комеморацијата со силна емоција го отвори музикологот Бранка Костиќ Марковиќ.

„Добредојдовте на оваа промоција, ова не е грешка. Ова не е комеморација, ова е промоција  на делото на Џамбазов“, рече таа.

Џамбазов почина на 25 јануари, во 85-тата година од животот, во неговото Скопје на кое му ја посвети „Песна за Скопје“, и уште многу други композиции. Човекот кој беше синоним за дигирентска палка и духот на детската песна за „Златно славејче“ си замина, но неговата големина ќе остане. На комеморацијата имаше и спомен-книга во која се потпишуваа сите кои ќе го чуваат неговото име запишано во сеќавањата, во радоста кога им бил дел од животот и музиката.

Комеморација на Александар Џамбазов/Фејсбук
Комеморација на Александар Џамбазов/Фејсбук

Директорката на ЗАМП, Антоанета Токовска Котевска истакна дека во неговото досие во ЗАМП уредно се пријавени 982 авторски дела, а како што кажа, Џамбазов несебично дал и голем придонес во авторската заштита, првенствено во претседателството на Сојузот на композиторите на Југославија, но и како долгогодишен член на УО и на НО на ЗАМП.

„Постојат повеќе дефиниции за зборот господин, но господин тешко се станува – таков треба да се родиш, а таква привилегија имаат малку луѓе. Маестро Џамбазов беше навистина тоа, роден господин. Кој ја имал привилегијата да го запознае и кој ја допрел неговата добрина никогаш нема да ја заборави. Ќе го паметиме по добрината, хуморот, посебниот шарм, по генијалноста. Композитор, прв диригент, човек на Сојузот на композиторите на Југославија од далечната 1958 година. Дојдовме овде да се поклониме и да кажеме едно големо благодарам за секој момент, за секој збор со кој несебично не почести. Нека тие светол патот кон идеите мој мил мајсторе“ рече Токовска Котевска.

Синот на Маестро Џамбаз, кој ја следеше комеморацијата од првите редови, заедно со сестра му Тања која допатува од САД,  им се заблагодари на сите присутни кои дојдоа да го испратат.

-Целата љубов што вие ја чувствувате за вашиот омилен, чичко Ацо, маестро Џамбаз, ние ќе ја продолжиме да ја чуваме. Цел живот живееше во сенка, но беше најголемиот генијалец во нашето семејство. „Прво бев маж на Анче, па зет на Петре Прличко, па татко на Тања и на Игор. А што сум јас? Ти си Маестро, Маестро мој“, рече Игор за крај на комеморацијата која ја организираа МРТВ и СОКОМ.

Почина Александар Џамбазов: Последен поздрав маестро

ФОТО | Љубовната приказна на Александар и Анче Џамбазови: Раскошни љубов и талент кои се паметат

ВИДЕО | Сестрата на Игор Џамбазов сподели трогателна објава: Преубави времиња, посебен човек, тато!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Австриски медиуми: Од Балканот во земјата пристигнале илјадници случаи на корона, особено од оваа земја е донесена експлозија од вирусот

Следно

Во изградба новата западна трибина на Градскиот стадион во Штип

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian