ВИДЕО: Шведска ја „нокаутираше“ Франција, за златото против Шпанија

1 min read

Репрезентацијата на Шведска ја совлада Франција со 34:33 (17:14) и се пласираше во финалето на Европското првенство.

Во завршницата од натпреварот видовме голема драма, Швеѓаните имаа „плус“ два позитива во последната минута, но и играч помалку.

На 35 секунди до крајот на мечот ја загубија топката и Французите тоа го искористија за намалување на „минус еден“ (34:33), а потоа Пелас направи чекор и следуваше нова контра на „триколорите“.

Топката дојде до Фабрегас, а со одлична одбрана Паличка спречи да биде нерешено и ја одведе својата селекција во големото финале каде што ќе ги одмерат силите против Шпанија која ја елиминираше Данска.

За Шведска девет голови запиша Готфридсон, седум беа дело на Пелас, а во француската селекција по осум погодоци имаа Дескат и Мине.

Швеѓаните се најуспешна европска селекција со досега четири златни медали, а Французите в недела ќе ја бркаат својата трета бронза.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јас сум Георгина: Девојката која го потресе светот на Кристијано Роналдо доби свој документарец

Следно

СДСМ: Мицкоски зборува за легитимитет, а тој е само маша на лидерот од Будимпешта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian