ВИДЕО: Шпанија ќе игра за третата европска титула во низа

1 min read

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство откако денеска во првиот полуфинален натпревар со 29:25 го совлада актуелниот светски шампион Данска.

Иако Данците важеа за фаворити на овој меч на крајот „црвената фурија“ се покажа како посилна посебно во второто полувреме.

Составот на Николај Јакобсен се покажа како подобар во првите 30 минути контролирајќи предност од 3-4 голови разлика, на пауза замина со минимална предност од 14:13. Следуваше поангажирана игра на ракометарите на Жорди Рибера особено во делот на одбраната за која скандинавската селекција немаше решение.

Кај стрелците во победничките редови најефикасен беше Гомез со 11 голови, седум запиша Канељас, а на спротивната страна Хансен реализираше осум погодоци.

Противник на Шпанците во големото финале в недела ќе биде подобриот од втората полуфинална пресметка помеѓу Франција и Шведска.

Шпанија ќе игра за својата трета европска титула во низа, претходно ја освојуваа во 2018 и 2020 година, а Данска ќе атакува на својата четврта бронза на континенталните собири.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ја нарекуваат природен антибиотик: Што сѐ лекува жалфијата

Следно

ВИДЕО: Голем пожар во ридската населба Колтук во Тетово, изгореа три куќи

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian