ВИДЕО: Полицијата казни 173 возачи поради непропуштање пешаци на пешачки премин

1 min read

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи.

Санкционирани се 173 возачи, од кои 104 на територија на Скопје, 26 на територија на СВР Тетово, 16 на територија на СВР Велес…

При акциската контрола санкционирани се и 134 друг вид на сообраќајни прекршоци. Министерството за вантрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли.

-Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правоила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

kurir.mk

Претходно

ВИДЕО | Дувњак: Потребен е баланс меѓу информациите од јавен интерес и она што го објавуваат новинарите

Следно

Жители на Стајковци и Синѓелиќ ќе блокираат улица поради неажурноста на ЕВН

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian