ВИДЕО: Надал е првиот финалист на „Австралија опен“

1 min read

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал (35) се пласираше во финалето на првиот Грен слем турнир во сезоната во Мелбурн, откако во полуфиналето го победи Италијанецот Матео Беретини со 6:3, 6:2, 3:6, 6:3.

За петтиот тенисер во светот, тоа ќе биде шесто финале на „Австралија опен“, а досега славеше само еднаш и тоа во 2009 година.

Шпанецот ќе се бори за рекордната 21. Грен слем титула во кариерата против победникот од мечот меѓу Русинот Даиил Медведев и Гркот Стефанос Циципас.

Рафа досега во кариерата има освоено 20 грен слем титули – 13 пати победи на „Ролан Гарос“, четири пати на „УС Опен“, двапати на „Вимблдон“ и еднаш во Австралија.

На четирите најголеми светски турнири по 20 титули имаат и Новак Ѓоковиќ од Австралија, кој пред почетокот на турнирот беше депортиран од Австралија и Швајцарецот Рожер Федерер кој не играше поради проблеми со коленото.

Надал има најголема корист од неиграњето на Ѓоковиќ во Мелбурн

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Ен Хатавеј со нов имиџ: Смени боја на коса и изгледа непрепознатливо!

Следно

ДКСК бара да се истражи случајот со директорката на Клиниката за педијатрија за рекламирање суплементи на ТВ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian