ВИДЕО: Голем пожар во ридската населба Колтук во Тетово, изгореа три куќи

1 min read

Пожар изби во куќа во населбата Колтук во Тетово, нешто по 19 часот вечерва, објави порталот Тетово инфо.

Со оглед на тоа дека населбата е на почетокот на ридот Балтепе, од целиот град можеше да се забележи големата огнена стихија.

Фото: Тетово инфо

Од тетовската територијална противпожарна единица информираа дека сѐ уште се интевенира на гаснење на пожарот, а испратени биле четири возила.

По неколку минути, големата огнена стихија се намали, а поголем дел од стариот дел на градот остана без електрична енергија.

Според ТВ21, во пожарот изгореле три куќи.

„Пожарникарите дојдоа на време. Немаше никој од сопствениците на трите куќи кои изгореа. Малку да задоцнеа пожарникарите, ќе беше голема катастрофа“, вели за ТВ21 еден од очевидците на пожарот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Шпанија ќе игра за третата европска титула во низа

Следно

Ковачевски утрово му се јавил на Мицкоски: „Договоривме средба“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian