Виц на денот: Маска

1 min read

Трпе и Трпана се договориле да излезат низ чаршија за „Ноќта на вештерките“ за да видат како ќе бидат маскирани луѓето, па Трпана уште рано попладне почнала да се подготвува.

Се погледнала во огледало, незадоволно промрморела и го прашала Трпе:
-Трпе, миличок, дали сум сѐ уште убава и згодна?

Трпе нешто промрморел, а Трпана го отворила женското списание на маса, пронашла рецепт за природна маска за лице, го измешала и го ставила на лицето.

Така таа цело попладне раскревала низ дома, Трпе ја гледал под очи, но не се противел, па Трпана по еден час пред поаѓање ја извадила маската и застанала пред Трпе:
– Што велиш, Трпе, дали ми помогна маската?

Трпе ги кренал рамениците.
– Да, мила, но додека ја носеше, сега веќе не!

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Откри ли повторно Александра Заева, каде е на скијање татко и – Заеви уживаат на француските Алпи?!

Следно

Почнува тридневна расправа за недоверба на грчката Влада

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian