Ќучуков: Спорот за Северна Македонија во Бугарија се претвори во натпревар во патриотизам

1 min read

На политички план Бугарија западна во целосна изолација во ЕУ заради спорот со Северна Македонија, изјави за Нова њуз, Љубомир Ќучуков, поранешен бугарски заменик министер за надворешни работи, кој сега работи во невладиниот Институт за меѓународни односи.

Ќучуков смета дека Бугарија ја загубила сета своја предност како членка на ЕУ, пренасочувајќи го притисокот од кандидатот за членка кон себе.

Според него, каков и да има договор меѓу Бугарија и Северна Македонија, тој мора да добие поддршка од парламентот и општеството.

– Може да се испостави дека со сегашната натрупување на негативизам, за изнаоѓањето договор ќе биде потребно помалку политичко време отколку за обезбедување домашна поддршка во Софија и Скопје, рече Ќучуков, додавајќи дека довербата е клучен услов за преговорите.

Според него, интересно е што најсериозните противници на договор се две истоимени партии во двете земји – ВМРО.

– Спорот со Северна Македонија стана натревар во патриотизам во Бугарија. Главниот резултат на бугарско-македонските преговори е дека има согласност да се постигне договор, се менува климата на билатералните односи и веќе постои подготвеност за дијалог за спорните прашања. Единствениот начин да се случи тоа е преку меѓувладини преговори, вели поранешниот висок бугарски дипломат.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Јакобсен одговори на обвинувањата дека намерно загубил од Франција

Следно

МВР: 101 санкции за брзо возење

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian