Скопје домаќин на Регионален симпозиум за превенција и третман на цервикален канцер

4 mins read

Околу 300 жени годишно заболуваат од цервикален канцер во државава, а од нив 50 до 60 се подложувани на оперативна терапија,  додека смртност има кај над 100, покажуваат неофицијалните податоци на здруженијата вклучени во активностите за борба против рак на грло на матка, споделени денеска пред почетокот на Регионалниот хибриден симпозиум: Превенција и третман на цервикален канцер во Скопје.

Симпозиумот, во огранизација на Македонско здружение за хуман папилома вирус и Македонско здружение за цервикална патологија и колпоскопија, е дел од активностите што во светот се одржуваат во јануари за борба против ракот на грлото на матката.

Професорот и претседател на здружението за цервикална патологија и колпоскопија, Горан Димитров истакна дека станува збор за хибриден собир во кој дел од предавачи ќе предават онлајн, а дел со физичко присуство во согласност со Ковид препораките.

-Последната недела во многу земји се одржуваат различни стручни симпозиуми, состаноци на кои што целта е да се поддигне свеста кај жените да одат редовно на прегледи, една од работите кои што се менува во текот на овие последни 10 години е тоа дека постепено сите земји почнуваат да преоѓаат на ХПВ тестирање како примарно, а потоа се прави тријажа, а не како што беше во минатото тоа да се прави со ПАП (Папаниколау) брисот. Ние се надеваме дека во текот на наредните години тоа ќе се случи и кај нас, во нашата земја, изјави професорот Димитров.

Информира дека не постои конкретна статистика за состојбата со пациентите кои се заболени од цервикален канцер, но дека според неофицијалните податоци околу 300 жени годишно се заболуваат, од нив 50 до 60 се подложувани на оперативна терапија, а за жал смртност има  кај над 100 лица на годишно ниво.

Додаде дека поради недоволната пристапност и информираност кај жените од руралните средини се работи на тоа да биде воведена служба која ќе биде мобилна и која ќе може да им пружи на овие жени услуга, земање на брис, информираност, преглед и слично.

Од Здружението „Борка“ порачаа дека најефективниот начин во справување со овој вид на рак е превенција, имунизација со вакцината против ХПВ и спроведување на организиран скрининг и навремена дијагностика.

Имајќи ја во предвид моменталната состојба во здравството и појавувањето на пандемијата со Ковид-19, скринингот, и можностите до редовна дијагностика, како во светот, така и кај нас заостанаа. Ако сме свесни дека ракот на грлото на матката може да се превенира, ние од „Борка“ сметаме дека треба да се работи на зголемувањето на пристапот до скрининг методите, ХПВ вакцинацијата,  како и непречено обезбедување на овие дијагностички услуги насекаде низ Македонија, рече Емануела Додева, комуникациски менаџер на Борка – За секој нов ден.

Заклучи дека ваквите настани се одлична можност за продолжување на активностите во борбата против ракот на грлото на матката.

-Затоа ја би сакала да ги поздравам организаторите на овој но воедно и можност да видиме на кое ниво се наоѓа Македонија во однос на превенцијата, дијагностиката, лекувањето и третманот зза оваа болест. И на крај да не заборавиме, дека грижата за нашето здравје е наша обврска и апелирам до сите млади девојки и жени, редовно да одат на гинеколог и да прават превентивни прегледи и тестови, бидејќи ракот на грлото на матката да се спречи и да се победи, изјави Додева.

Настанот е со меѓународно учество на еминентни предавачи од Србија, Хрватска, Бугарија, БиХ, Грција и Словенија. 

skopjeinfo.mk

Претходно

МВР: 101 санкции за брзо возење

Следно

Австриски медиуми: Од Балканот во земјата пристигнале илјадници случаи на корона, особено од оваа земја е донесена експлозија од вирусот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian